Дамјановски: Костовски не би упатил шовинистичка навреда

22.03.2017 13:05 | KumanovoNews

Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски е сериозен политичар кој не би упатил шовинистичка навреда на национална основа на никога, по синоќешните обвинувања дека со псовки и навреди ги напаѓал учесниците на протестот „За заедничка Македонија“, пред зградата на поранешен Комитет во Куманово.  

Дамјановски: Костовски не би упатил шовинистичка навреда

„Јас не бев присутен, но сите кои биле ми кажаа дека немало физички контакт освен вербален. Се работело за провокација, кој на кого му пресекол пат, мислам дека тоа ќе се заврши тука. Го повикувам јавно преку медиумите човекот кој бил инволвиран во инцидентот од другата страна да дојде тука да покажеме една граѓанска зрелост, никој овдека не зборува за етничка нетолеранција. Никој не може во овој град да прави поделби на Македонците меѓу себе, тоа нема да го дозволиме додека јас раководам со локалната самоуправа. Јас верувам во Mартин Костовски, тој е сериозен политички потенцијал во нашата партија. Човекот даде голем допринос во оваа борба за победа над режимот и борба за демократија и човечки права и слободи. Јас воопшто не се сомневам дека тој би упатил некоја шовинистичка навреда, јас му верувам и се надевам дека тој на најдобар начин ќе покаже како се сака оваа држава и како ќе ја гради, - изјави Дамјановски.

 Тој апелира до граѓаните и партиските членови да не паѓаат на провокации додека трае политичката криза во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk