Дамјановски: Млади вмровчиња сејат магла

21.12.2010 15:41 | KumanovoNews

Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфрли обвинувањата на групата мали луѓе кои денеска тврдеа дека неможат да се вработата во локалната администрација затоа што не се членови на СДСМ.

Дамјановски: Млади вмровчиња сејат магла

Тој ги нарече млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што запловиле во национал-романтични води, кои сејат магла и фрлаат прав во очите на граѓаните на Куманово.

Дали можат да ми набројат за 5 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ колку луѓе има вработено од СДСМ Куманово, а уште поконкретно дали воопшто некој од СДСМ добил тендер или било која друга работа од Владата или министерствата.Затоа кога барате правда и фер игра прво треба да ги почитувате правилата Вие како централна власт- одговори Дамјановски.

Градоначалникот тврди дека во неговиот мандат не истерал ниту еден вработен во локалната администрација, и покрај тоа што во образованието над 400 вработени имаат партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ, а на 250 ангажирани по договор на дело  секоја година им ги продолжува решенијата за работа.

Ние вработуваме по Законот за администрација, во соработка на Агенција за државни службеници по објавени конкурси и со анкето тестови. Наспроти тоа Владата врши комплетна партизација на работните места со нивни членови и активисти во секој сегмент на општественото живеење  - рече градоначалникот.

   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk