Дамјановски: Најверојатно ќе има втор круг на избори

24.03.2013 19:58 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник на СДСМ Зоран Дамјановски, вечерва изјави дека најверојатно во Куманово ќе има втор круг на избори за градоначалник.

Дамјановски: Најверојатно ќе има втор круг на избори

Досегашните обработени податоци покажуваат дека разликата помеѓу мене и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се изедначени, како што се очекуваше во помалите средини. Додека во градот, разликата ќе биде како и на минатите избори во моја корист. Најверојатно по ова, мислам дека ќе има втор круг на гласање. Тоа е мојата првична проценка. Додека не се обработат најголемите избирачки места, неможеме да зборуваме за конечни резултати.  Мислам дека резултатите се повторуваат од 2011 година, кога имаше разлика од 4-5 илјади гласa во моја корист. Изборите ги оценувам за фер и демократски, без инциденти со исклучок на тоа што се приведени наши тројца  набљудувачи, но и за тоа ќе почекаме официјални информции- изјави Дамјановски.  

На изборите има излезеност од 60 проценти, или близу 54 илјади гласачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk