Дамјановски: Не е точно дека не се инвестира во Перо Чичо

27.08.2015 15:07 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ги негира тврдењата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека населбата Перо Чичо е заборавена и дека таму не се инвестира.

Дамјановски: Не е точно дека не се инвестира во Перо Чичо

Вели дека во оваа населба се завршени неколку покрупни проекти од инфраструктура и е изградена спортска сала, со што за 3 години во оваа населба се инвестирани над 1.5 милиони евра. Додава дека потреба од инвестирање има постојано, а приоритет е изградба на потпорен ѕид.

Таму има проблем на конструктивците, статичарите. Во неколку наврати проектот е враќан од ревизија од аспект што има неадаптиран терен. Тоа е една населба каде има тотално нелегитимна градба во неприродни услови и од таа позиција, на тој потпорен ѕид за заштита и заштита на патот ќе ја чини општината доста голема сума на пари, односно тоа е многу тежок проект. Меѓутоа тој сега е во завршна конструктивна фаза и ќе биде во тендерска постапка во наредните неколку месеци - изјави Дамјановски.

Кажа дека ќе се гради канализациона мрежа со пари од ИПА и моментално се „крпат“ дупки по улиците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk