Дамјановски нема да оди на избори

16.02.2013 18:49 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски нема да учествува во трката за трет мандат на престојните локални избори.

Дамјановски нема да оди на избори

Дамјановски вели дека ќе го почитува ставот на матичната партија и нема да поднесе кандидатура и покрај големата подршка што ја има кај граѓаните на Куманово.

Нема да излегувам на избори и нема да поднесам кандидатура, и ќе го почитувам ставот на највисокото партиско раководство, бидејќи тоа е Библија за мене. И покрај тоа што имав голем притисок од граѓаните, како и моите сопартијци да се кандидирам, јас останувам доследен на одлуката на партијата- изјави Дамјановски за Kumanovonews.

Актуелниот градоначалник Дамјановски како кадар на СДСМ ја води општината во два мандати, и анкетите покажуваа дека подршката на граѓаните е на негова страна и има шанси за уште еден мандат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk