Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски одговори на обвинувањата на членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на јавниот превоз во градот.
„Господин Срѓан Ивановски вие сте млад човек, целта на прашањата не ми е јасна, но се она што требаше да го кажам во моето излагање на советничките прашања го дадов во една поширока елаборација во траење од 2 часа. Ве повикав јавно преку институцијата пристап до јавни информации да ги добиете сите договори за линиите и се она што го чини јавниот превоз и посебна категорија училиштен превоз, кој е дел од наменските донации за одржување на образовниот процес. Она што е сработено и што не е, отчетот ќе го даде локалната самоуправа пред Советот и пред граѓаните. Знаеме дека во овие тешки времиња каде имаме комплетно партизирани институции во системот на Македонија, Куманово не може да биде успешна општина во својата развојна програма, економскиот развој од аспект што сме единствена најголема опозициска општина која држи позиција и е под силен притисок на централната власт. Но она што ни е задача ние ја исполнуваме во целост. Затоа освестете се дека времето на шпекулации, лаги, бранење на она што не може да се одбрани е поминато. ВМРО-ДПМНЕ и вашиот општински комитет полека но сигурно тоне во криминогените дејствија на вашето центролно раководство. Не постои ниту една институција која може да ги одбрани сите зло дела кои ги направивте на македонската, а пред се на кумановската јавност. Ѓраѓаните жестоко ги чувствуваа последните 10 години, под водство на Никола Груевски и ВМРП-ДПМНЕ. Спремен сум за дебата, разговори на личности од политичкиот живот од Куманово. Ги повикувам претседателот, пратениците да дебатираме за се она што е интерес на граѓаните на Куманово“,- изјави Дамјановски на прес-конференцијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk