Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски за инцидентот со запалените 11 автомобили рече дека создава паника и несигурност кај граѓаните.
Бара граѓаните да останат смирени, а од МВР што поскоро да излезат со соопштение за настанот.
Кој е мотивот не ни е познат. Тоа е улога на министерството. Како прв човек на градот сум загрижен по овие настани од 9 мај, и ова уште повеќе создава конфузија, страв и паника кај граѓаните. Ова е сериозен атак. На три локации 11 возила, сознанијата не се комплетни. Самиот тој податок зборува дека една сериозна, организирана група го направила тоа. Силно сум загрижен за оваа појава. Ова е доказ дека не се решени проблемите со криминогените структури во градот - изјави Дамјановски.
Дамјановски не добил официјални информации од МВР за настанот, но според информациите со кои располага се работи за запалени возила на инспектори, полицијаци и други луѓе поврзани со МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk