Дамјановски: По 5 денари за километар се плаќа превозот на учениците во Куманово

21.07.2016 14:39 | KumanovoNews

Tотална невистина и лага ги нарече градоначалникот Зоран Дамјановски обвинувањата на пратеникот Зоран Ѓеорѓиевски дека општината плаќа 652 пат повисока цена за училишен превоз во Куманово.

Дамјановски: По 5 денари за километар се плаќа превозот на учениците во Куманово

Дали е тоа резултат на вашето незнаење и непознавање на проблемот или сте приморани да читате нешто во кое ни сами не верувате. Изнесовте бројки кои незнам од каде потекнуваат. Меѓутоа одговорно тврдам дека тоа што го изнесовте е една тотална невистина и лага. Имено, за 2015/16 година просечна цена по километар е 5,1 денар, за 2014/15 4,3 денари, а 2013/14 година 4,7 денари. Ние според закон имаме и одговорност и право да организираме училишни активности, од таа причина дневната карта на сите ученици во работните денови е 50 денари фактурирана за 5500 ученици за 180 учебни дена во годината. „, - изјави Дамјановски.

Градоначалникот информираше дека во изминатите три години општината имала неколку државни ревизии за сите постапки кои се направени, а во моментот кај финансиската инспекција се сите документи за превоз на учениците. Доколку имало неправилности или криминал, досега надлежните институции ќе реагирале, смета Дамјановски, кој го повика Ѓеорѓиевски на ТВ дуел за да објаснат кој ја зборува вистината.

Пратеникот Ѓеорѓиевски, вчера на прес-конференција во Скопје, ја обвини општина Куманово дека ги вози учениците за 2700 денари по километар или 652 пати поскапо од превозот во општина Битола, во која се врши истрага од специјалното јавно обвинителство за аферата „Транспортер“.

Истото го повтори и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Марио Цветковски денеска во Куманово. На новинарско прашање како ги толкува тврдењата на градоначалникот дека општината плаќала превоз од само 5.1 денар по километар, а не 2700 како што тие обвинуваат, Цветковски одговори:

Изјавата на градоначалникот е конфузна, што значи дека тие се соочени со голем скандал и незнаат како да излезат од таа ситуација. Од информациите со кои располагаме, општина Куманово и фирмата што го врши превозот, блиска до СДСМ, има склучено договор од 85.558.601.00 денар за 5800 ученици. Кој и да се обидува неможе да објасни како е возможно да се добие карта од 4.2 денари по ученик, и самиот факт што општина Куманово договарала таква дневна карта, а не превоз до училиштата е спротивна на законот“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk