Дамјановски подели сувенири на делегациите од збратимените градови

11.11.2015 10:16 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска во општината на претставници од збратимените градови им подели подароци и сувенири за да се сеќаваат на Куманово.

Дамјановски подели сувенири на делегациите од збратимените градови

Пред гостите од Никшиќ, Чорлу, Чукарица, Кампина и Солун објасни дека денеска е голем ден за Куманово, 71 година од ослободувањето.

Јас сум горд што стојам на чело на една таква општина, која покажа голем капацитет во изминатата година во однос на справување со безбедносните предизвици што ги имавме како Република Македонија и град Куманово. Вие како градови пријатели секогаш дававте поддршка и во убавите и во лошите моменти - вели Дамјановски.

Лилјана Илиќ од општина Чукарица рече дека 20 години соработуваат со општина Куманово и се задоволни.

Градот многу не ви се менува. Имате доста старини, раритети и тоа ми се допаѓа. Имате добра кујна, весели луѓе и тоа е доволно - рече Илиќ.

Гостите ќе присуствуваат на свеченоста на Спомен костурница и на свечена седница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk