Дамјановски посети уште две чевларски фирми

15.03.2013 12:14 | KumanovoNews

  Кандидатот за градоначалникот Зоран Дамјановски и носителот на листата Максим Димитриевски, денеска посети уште две чевларски фирми, кои успешно стопанисуваат и вработуваат поголем број на работници.

Дамјановски посети уште две чевларски фирми

Во фабриката Глечер  Дамјановски разговараше со сопственикот за условите во кои работа и што е неопходно да помогнат да се надмине тешката економска криза во која се наоѓа стопанството.

Од најголем индустриски град, Куманово стана загубар и наша задача е да направиме се, да создавање услови за подигање на економскиот развој. Ги кажавме нашите визии. Во програмата е отварање на економски зони, горилница, новиот цевковод, се се тоа капитални инвестиции и создавање на амбиент за економски развој. Во разговор со сопственикот на ова фирма добивме информација дека има потреба од нови погони, бидејќи овдека е под закуп. Тоа е една прекрасна фирма, работи добро. Сметаме дека во нашата економска зона може да биде еден од првите инвеститори. Тоа ќе го продолжиме со сите заинтересирани, заклучно со 38 - те кооперанти во бившата фабрика Чик. Таму имаме мали фирми кои работат определни работи од изработка на чевли - изјави Дамјановски.

При посета на втората фабрика Тушевски, која важи за најголем производител на чевли во Куманово и извезува за Германија, Димитриевски посочи дека ваквите претпријатија треба да се стимулираат.

Тие треба да добиваат се повеќе работа, да настапуваат на странските пазари се посигурно, и нормално треба да им овозможиме поквалитетни услови за работа. Веќе промовиравме една стопанска зона во Општина Куманово за која што беше донесена и одлука на Советот за урбанизација на тој простор, за таа зона каде имаме 600.000 метри квадратни на располагање - вели Димитриевски.

Тој се надева дека помалите фирми ќе го следат успехот на поголемите фирми и ќе напредуваат со помош и поддршка од локалната самоуправа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk