Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„За овој проблем ВМРО-ДПМНЕ треба вистината да ја бара во своите редови и своите подржувачи, а не кај локалната самоуправа“, одговори градоначалникот Зоран Дамјановски, на обвинувањата на партијата дека просторот зад Основниот суд Куманово и Црвен крст е коридор на срам во центарот на градот.
„Оваа површина со децении стои запуштена од причини кои се непознати за јавноста. Тоа е катастарска парцела доделена на нивниот финсиски партиски подржувач АД “Простор“ и директорот Чедомир Теодосиевски, кој тука требаше да изгради катна гаража. На мое жалење ни деловниот објект покрај судот нема технички прием и употребна дозвола баш затоа што не е средено платото и катната гаража, а тоа беше услов да добие дозвола пре 15-тина години, - изјави градоначалникот Дамјановски.
Тој објасни дека претпријатието имало обврска да изврши експропријација на уште две куќи и да ја исполни обврската. Со тоа ќе се реши хаосот со паркирањето на автомобилите на вработените во јавните институции и граѓаните, и ќе се уреди запуштениот простор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk