Дамјановски се враќа во Општа болница Куманово

20.10.2017 11:48 | KumanovoNews

Досегашниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски, по завршување на функцијата ќе се врати на работното место во гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница Куманово.

Дамјановски се враќа во Општа болница Куманово

„Местото ми мирува и од денеска или евентуално вторник, јас се враќам во Општата болница Куманово. Дали ќе продолжам со политиката или не ќе видам понатаму, бидејќи политиката не е дракстор, па да избераш што сака. Политика е тоа што можеш и знаеш да го работиш. Се надевам дека во иднина ќе имам некои предизвици, ќе одлучам врз основа на моите способности, она што знам да го работам за потребите на општеството, пред се заради мојата политичка партија и за Владата. Очекувам некои разговори кои можеби ќе бидат усогласени со моите способности, ако тоа не се случи јас ќе останам доктор во Куманово“, - изјави Дамјановски по примопредавањето на функцијата.

По средбата, Димитревски го испрати Дамјановски до влезот на Општината и му посака многу здравје и среќа во животот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk