Дамјановски вети нова административна зграда и шеталиште

03.04.2013 13:03 | KumanovoNews

 Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамајновски, денеска најави дека во новиот мандат ќе го изгради комплексот „Чоробенско ќоше„, а  улицата “Ленинова“ ќе се преуреди во пешачка зона.

Дамјановски вети нова административна зграда и шеталиште

Овдека сум да најавам неколку проекти кои се витално значење за Куманово. Тоа е изградбата на административно - комерцијалното Чоробенско ќоше, за кој имаме идеен проект. Се работи за функционален и економски исплатлив прокт, кој ќе има околу 5.500 квадратни метри комерцијални содржини, во подземниот дел ќе има паркинг простор и во долниот дел ќе има јавен тоалет, кој сега е рак-рана на градот- изјави Дамјановски.

 Во новиот објект покрај општинската администрација ќе има простор да се сместат и подрачните единици на министерствата. Дамјановски смета дека на овој начин централното градско подрачје ќе биде видно разубавено, а овој скап проект ќе се реализира со европско партнерство и ќе чини околу 7 милиони евра.

Вториот проект кој сакам да го најавам е шеталиштето на „Ленинов„ кое е дамнешна желба на Куманово. Меѓутоа тоа е условено со новиот генерален урбанистички план, бидејќи сообраќајните решенија во моментов не го дозволуваат тоа и затоа не беше изградено. Тоа ќе биде една од нашите први задачи кои ќе ги реализираме кога ќе го решиме сообраќајот, исто како и реновирање на малиот плоштад - додаде Дамјановски.

Тој уште еднаш го повика противкандидатот Ѓеорѓиевски, програмите да ги соочат на тв дуел.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk