Дамјановски: Владата не ги исчисти речните корита

06.12.2010 14:47 | KumanovoNews

Локалната самоуправа без разлика што нема надлежност во регулација на речното корито, денеска  ги посети поплавените места и  направи увид на лице место, а на најзагрозените семејства ќе им помогне.

Дамјановски: Владата не ги исчисти речните корита

 Градоначалникот Зоран Дамјановски ги нарече манипулации, обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ги запоставил граѓаните на сметка на партиските активности, и не им помогнал на поплавените во кумановските села по течението на реката Пчиња.

Оваа година во програмата на Владата за чистење на каналите и речните корита во должина од 250 километри, во Куманово не се исчисти ни еден метар, благодарение на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорноста за поплавите е во Дирекцијата за води и водостопанското претпријатие Кумановско-липковско поле. Затоа сакам да ја известам кумановската јавност, дека локалната самоуправа без разлика што нема надлежност во регулација на речното корито, денеска ќе ги посетиме поплавените места и ќе направиме увид на лице место и според можностите на буџетот ќе интервенире во санација на штетите и помош на населението -изјави Дамјановски.

При посетата на поплавените подрачја била утврдена тешката состојба на неколку семејства, кои останале без добиток и жито, поради што итно ќе им биде поделена еднократна парична помош од општината.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk