Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, смета дека поднесувањето на кривична пријава за злоупотреба на службената положба, поради тоа што пуштил во употреба реконструирана крстосница без употребна дозвола е монтиран политички процес од актуелната централна власт кон него.
„Во фаза на предизборието власта врши политички прогон кон сите неистомисленици, а еден од серијалите што се случува е денешната кривична пријава против мене.Се работи за крстосница изградена пред 8 години врз основа на одобрение на градба и Детален урбанистички план, техничка документација и сообраќајно решение за семафорска сигнализација, со ревизија од лиценцирана фирма. Тоа што не е извршен технички преим е поради нерегулираните имотно-правни односи на дел од улиците Трета МУБ и Егејска Македонија, бидејќи таму се изградени повеќе дивоградби, а во тек е процесот на легализација. Неколку пати се обидувавме да извршиме упис во Катастарот, но не успејавме поради немање техничка софтверска подршка. Виновникот за сообраќајните несреќи на посочената улица не може да биде градоначалникот, затоа што тој не го контролира сообраќајот ниту пак е одговорен за сообраќајната култура во градот. Очигледно е дека се прави обид да се префрли вината на сите што не мислат како партијата на власт, туку се борат за демократија и слобода во Република Македонија, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски за Кумановоњус.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk