Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ фатени во криминал го вперуваат прстот во мене

14.09.2015 13:34 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски одговори на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, дека се фатени во криминал и намерно го вперуваат прстот во него за да ја дефокусираат јавноста.

Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ фатени во криминал го вперуваат прстот во мене

Тој очекува со истото темпо од ВМРО-ДПМНЕ да продолжат и понатаму. За прочистителните станици рече дека е проект кој во 2009 и 2010 година е договорен за да се решат отпадните води целосно во повеќе региони.

75 отсто од парите ги финансираше австриска невладина организација и тоа беше услов да се аплицира за кредит на австриската Влада, кој беше во висина од 5 милиони евра, 2.5 милиони евра беше грант. Услов беше 50 отсто од производите во тој проект бидат од австриско производство. Аплициравме, добивме начелно согласност од Влада на Република Македонија, и кога објавивме тендер за комерцијални банки кои ќе го сервисираат целиот процес, добивме негативно мислење од министерот Ставревски и сега со цела доблест излегуваат пред кумановската јавност и шират невистини - изјави Дамјановски.

Градоначалникот вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја тресат афери и затоа вината ја бараат кај другите, а  не кај себе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk