Дамјановски:ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста

03.07.2015 14:02 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста со обвинувањата упатени кон него, дека не се работи на реализација на проектите во населбата Гоце Делчев.

Дамјановски:ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста

Оправдано е разочарувањето на граѓаните од населбата  Гоце Делчев, бидејќи тоа е една урбана населба, и таа урбана населба е дел од работата на локалната самоуправа. Скалите кои се ветени, во моментов се работи изведен проект кој ќе биде во тек на оваа година изведен. Регулирање на зелените површини е во програма на ЈП „Чистота и зеленило“ и сукцесивно одиме со уредување на тие површини. Поголем проект е кој бара поголеми средства, за што општината Куманово не е способна да ги сервисира тие потреби - кажа Дамјановски.

И за семафорите кај Ловечки , рече дека проектот е во тек, како и уште неколку поситни проекти кои треба да се реализираат во Гоце Делчев.

Дамјановски вели дека ВМРО-ДПМНЕ со овие обвинувања, сака да го прикрие криминалот во своите редови и кризата во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk