Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ води антикампања против Општината

02.10.2015 12:08 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски  ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека води антикампања против општината, по обвинувањата дека Куманово-гас создава само загуби наместо да го полни општинскиот буџет.

Дамјановски: ВМРО-ДПМНЕ води антикампања против Општината

Тој смета гасфицикацијата е еден позитивен проект со кој треба да се гордее и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи приклучени се повеќе установи, згради, куќи, а деновиве приклучок ќе добие и основното училиште “Кочо Рацин“.

“Сум кажал многу пати досега дека ова јавно претпријатије се финансира исклучиво од општината. Ние досега не сме добиле никакви донации, никаква помош од државата иако е најеколошки проект. Згора на тоа во неколку наврати локалната самоуправа имаше барање за кредитно задолжување, во кое е проектот за завршување на гасификационата мрежа и се обидовме да добиеме согласност за издавање на општински обврзници и од разбирливи причини, на вас ви е јасно не добивме согласност во изминатите 4-5 години. Вперувањето на прстот кон општината и ова јавно претпријатие не е на место, од аспект што е единствен проект од ваков тип во Македонија“- кажа Дамјановски.

Дамјановски се надева дека бројот на приклучоци во градот ќе расте, бидејќи цената на гасот е 23 денари по метар кубен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk