Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, со советниците Фериз Дервиши, Скендер Алији и Ридван Рамадани, денеска ја посетија Исламската верска заедница во Куманово за да го честититa празникот Рамазан Бајрам.
„Празникот симболизира солидарност кон сиромашните, толеранција и разбирање. Работевме во изминатите 10 години многу на подигање на граѓанската свест и кај едната и кај другата вероисповест, направивме граѓанско општество, кое се надевам дека ќе го надоградиме уште повеќе“, - рече Дамјановски.
Тој истакна дека со муфтиството на ИВЗ имале одлична соработка и се надева дека така ќе продолжи и во иднина.
Муфтијата Абедин Имери се заблагодари на посетата на градоначалникот и на преставниците на Советот и им го честиташе празникот на верниците од исламска вероисповед од општините Куманово, Липково, Крива Паланка и Кратово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk