Дамјановски: За нас се значајни сите датуми во историјата

09.09.2011 11:57 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски го обвини Министерството за култура, дека води селективна политика при одржување на културното наследство во државата, и додека во Скопје интензивно гради споменици на жртвите на комунизмот, во Куманово не сака да одвои минимални сретства за поправање на Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, за да може  Општината достоинствено да ги одбележува државните празници.

Дамјановски: За нас се значајни сите датуми во историјата

 Се работи за еден од најзначајните споменици од Анти- фашистичката борба на македонскиот народ во градот првоборец и градот херој. Нашиот револт беше во таа насока, и сакам граѓаните на Куманово да ги сватат и да се дистанцираат на дел од актуелните популистички потези на ВМРО-ДПМНЕ и она што е реалното живеење во градот Куманово.Ние спомениците не ги делиме по идеолошка припадност, за нас се значајни сите датуми и настани кои се важни за историјата на Република Македонија. Во кое време се создадени и која политичка матрица имале луѓето што ги правеле за нас е секундарно, бидејќи историјата тече и има разни групи и луѓе, разни идеологии и политички партии. Не можеме да даваме значение само на она што е интересно за политичката партија на власт, а да ги негираме сите други придобивки од други временски периоди, кои дале допринос за развој на Република Македонија - истакна Дамјановски.  

Тој потести дека локалната самоуправа организирала повеќе културни и спортски настани во градот со кој го прославила големиот јубилеј на државата, каде не присуствувале советниците и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ниту како граѓани на оваа Општина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk