Данева: Локалните избори,референдум за и против Груевски

21.02.2012 10:17 | KumanovoNews

 Потпретседателката на СДСМ Ана Павлова Данева на синоќешната трибина во Куманово зборуваше за актуелната-политичка состојба во државата, при што ги повика граѓаните  да го победат стравот и на следните локални избори да гласаат за СДСМ, да ја сменат власта и да создадат амбиент за предвремени парламентарни избори.

Данева: Локалните избори,референдум за и против Груевски

СДСМ е единствената голема организирана сила од која народот очекува да се спротивстави на владеењето на Груевски. Ние сме подготвени и затоа почнуваме голема битка, со консолидација и збивање на нашите редовите. Локалните избори во 2013 година се од огромно значење, бидејќи тоа не се обични локални избори каде ќе се бориме за градоначалници и советници, туку тие се референдум на граѓаните на Република Македонија, дали се за или против Груевски. Ако на локалните избори  гласовите на опозацијата се поголеми од ВМРО-ДПМНЕ, нема ништо да не спречи да излеземе на улица и да предизвикаме предвремени парламентарни избори.Затоа ве повикувам да го искористиме времето во оваа изборна година да бидеме меѓу сопствениот народ и да им кажеме дека во сите општини, помали или поголеми ќе победи СДСМ-изјави Павлова- Данева.        

Пратеничката ја критикуваше актуелната власт за состојбите во медиумите, здравството, социјалната заштита, проектот  „Скопје 2014„, невработеноста и ги истакна и останатите проблеми со кои се соочуваат граѓаните.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk