Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даниел Стојчевски е назначен за в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово, откако денеска е сменет од функцијата досегашниот директор Сашо Петрушевски.
Решението за смена на Петрушевски, денеска му го врачил лично градоначалникот Максим Димитриевски.
Според извори од претпријатието примопредавањето на функцијата ќе се изврши утре.
Стојчевски по професија е правник и работеше во ЈП „Чистота и зеленило“ до изборот на Димитриевски, кога премина во Општината како советник на градоначалникот.
На Петрушевски 4 годишниот менаџерски договор му истекува за 20 дена.
Од самото доаѓање Димитриевски најавуваше дека ќе направи проветрување на раководните функции во јавните претпријатија откако ќе им завршат менаџерските договори, но и смена на раководители на одделенија во Општината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk