Даравелски е на слобода, одобрено му е барањето за повторно судење

15.02.2023 17:53 | Сузана Николиќ

По еден месец поминат во затворот „Идризово“, поранешниот директор на Царината Драган Даравелски, денеска е пуштен на слобода, откако Основен суд Куманово, од Основниот кривичен суд Скопје беше известен дека му е одобрено барањето за повторно судење.

Даравелски е на слобода, одобрено му е барањето за повторно судење

„Основен суд Куманово, имајќи го во предвид интересот на јавноста во врска со постапката која пред овој суд се води за извршување на казна затвор спрема осуденото лице Драган Даравелски од Куманово, известува дека веднаш по приемот на решението на Основен кривичен суд Скопје К-ПОВ- 40/23 од 30.01.2023 година, потврдено со решение на Апелационен суд Скопје КСЖ-91/23 од 14.02.2023 година, кога и станало правосилно со кое е дозволено повторување на постапката према осуденото лице, во која постапка е изречена казната затвор која овој суд е надлежен да ја извршува, со решение КУИКП-162/10 од 14.02.2023 година, ја запре постапката за извршување на казната затвор према осуденото лице изречена во постапката во која е дозволено повторувањето со правосилното решение на Основен кривичен суд Скопје и истото е доставено до странките и до КПУ-Идризово“, се вели во соопштението на Основен суд Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk