Дарка Георгиевска со нова стихозбирка

24.01.2013 08:45 | KumanovoNews

“Алка кованица“ е новата збирка поезија на поетесата Дарка Георгиевска, која е во фаза на печатење. 

Дарка Георгиевска со нова стихозбирка

Во најновата книга Георгиевска пишува за љубовта и го пренесува своето видување за општествените состојби.

Има малку песимизам и малку оптимизам. Насловот го избрав бидејќи зборот алка ме асоцира на среќа, а кованица на нешто убаво. Знаеме убаво е ковано злато, ковано железо, сребро. Има автобиографски елементи, а во некои делови им се обраќам на писателите и поетите. Има збирката убави пораки, има психолошка димензија, собрани се 57 песни  - вели Георгиевска.

На Георгиевска ова и е трета збирка. Таа пишува и афоризми, но поради финансиски средства досега нив не ги објавила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk