Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дарко Петковски-Спејко поднесе оставка на функцијата советник на Општина Куманово, и во иднина ќе се сврти кон своето основно занимање и голема љубов – спортот.
Тој добил работен ангажман како тренер и професор по физичко во приватно училиште во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
„Заминувам во потопли краеви, но многу поважно е што ќе се концентрирам на она што најмногу сакам да го работам во животот, а тоа е спортот. Дојде време за нови чекори и нови искуства во животот. Не планирам веќе да се занимавам со политика и кога ќе се вратам ќе продолжам со она што е мое основно занмиање, професор по физичко образование или тренер на некој клуб“ истакнува Петковски.
Петковски дипломирал на Факултетот за физичка култура во Скопје, во моментот ја врши функцијата спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово, покрај тоа е и спортист, пејач, инфлуенсер. Мандатот му беше верификуван во октомври 2022 година, како дел од советничката листа на движењето „За наше Куманово“.
На негово место ќе дојде следниот кандидат од советничката листа на здружението Гордица Бошковска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk