Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, смета дека давањето на базенот под хипотека е како да дадеш на посвојување свое дете, но тврди дека биле принудени на таквата одлука, бидејќи општината немала друг начин за да го реши финснсискиот проблем на ЈП „Чистота и зеленило“ и да ја спречи еколошката катастрофа на градот.
„Ова е изнудена одлука. Мораше да се стави под залог нешто што не задира во јавниот интерес на граѓаните и не е под заштита на културното наследство, тоа е според Законот за финансиско задолжување. Моравме да го ставиме комерцијалниот дел од базенот, мене многу ми е жал поради тоа. Тоа е исто како да дадеш на посвојување свое дете. Базенот е еден од најголемите успеси во мојот мандат, - изјави Дамјановски.
Тој обвинува дека државата врши институционален и финансиски терор врз Куманово и се однесува како лихвар, само да покаже пред изборите дека локалното раководство не е способно да ја води општината.
„Ние подолго време сме исправени пред овие предизвици. Ако имаме 21 милион долг и 40 милиони камата, мислам дека по ниту една математичка операција не може каматата двојно ја надминува главницата. Тоа јасно укажува во која насока се движи работата. На сите јавни претпријатија со одлука на влада им се отпишани долговите, а само Куманово не е опфатено во таа програма, - се жали Дамјановски.
Тој вели дека државата ги третира граѓаните на Куманово како да се од втор ред или да припаѓааат на друга држава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk