Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спортскиот директор на КК Куманово, Младен Давидовиќ денеска преку писмено соопштение се огради од кореографијата на навивачката група Кумани која беше упатена кон поранешниот кошаркар Урош Луковиќ.
Според Давидовиќ победата на Куманово против актуелниот шампион е во сенка на настанот кој се случи во трибините, а самиот клуб се нашол во незавидна ситуација поради немилиот настан.
Во мое лично име и во име на клубот се оградувам од невкусната и непримерена кореографија на нашите навивачи која не приличи на еден спортски натпревар.
Го разбирам и бесот на нашите навивачи кои ни даваат огромна подршка на секој натпревар и се наш шести играч, но не се согласувам со симболиката на кореографијата која му нанесе огромна штета на нашиот клуб, но и на мене лично - стои во соопштението на Младен Давидовиќ.
Тој апелира до верните навивачи на наредните натпревари да се воздржат од било какви провокации и неспортско навивање кон сите учесници на теренот, бидејки тие доведуваат само кон суспензија.
Се надевам дека сите љубители на кошарката и ние како претставници на клубот ќе извлечеме поука и нема да дозволиме да се случуваат вакви ситуации во иднина, бидејќи и јас лично како службен претставник на КК "Куманово" сум предаден на Дисциплинската комисија при МКФ - додава Давидовиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk