Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот на Куманово, е слика и прилика за тоа како СДСМ 30 години управувува со општината. Како и повеќето места во Куманово, централното градско подрачје, воопшто го нема сјајот и изгледот на една модерна општина. Како резултат на децениското неработење и неодговорноста на локалната власт секаде околу нас можеме да видиме слики од депонии, неуредени и нечисти површини, згради со распаднати фасади, недостиг на функционален простор за непречено движење на граѓаните и многу други проблеми и недостатоци кои со години не се решаваат, кажа на денешната прес-конференција Милан Давидовиќ од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој кажа дека во програмата на Коалицијата За обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветени се многу мерки за разубавување и рационализирање на просторот во центарот на Куманово.
„Планираме создавање на пешачка зона која ќе се протега од основното училиште Браќа Миладиновци до крајот на улица Ленинова. За решавање на проблемот со паркингот ветуваме изградба на нови катни гаражи во центарот на градот. Како решение нудиме спојување на двата плоштада и обезбедување на простор за зеленило. Во програмата планираме ставање на нови енергетско-ефикасни фасади на институцииите и станбените згради. Во насока на разубавување ќе работиме на значително зголемување на зелените површини во поширокиот круг на центарот на Куманово. Ова се само дел од проектите кои ќе придонесат за новото лице на општина Куманово. Ве повикувам на 17-ти октомври, масовно да излеземе и да дадеме поддршка на бројот 7 за кандидатот за градоначалник Тони Михајловски и на Советничката листа на Коалицијата за Обнова на Македонија. Време е за промени! Да се избориме заеднички за нашата иднина, кажа Давидовиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk