Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот поет Давор Крстевски во Ниш, Србија освои награда со песна напишана на кумановски дијалект.
Народната библиотека „Стеван Сремац“ од Ниш, по четврти пат организираше меѓународен поетски фестивал на дијалекти „Преображенско пеење“ на кој Крстевски го доби признанието „Реч хвале и захвале“.
Инкау се учествуваше со 5 песни меѓу кои е „Верче Гласева“ која е направена како пандан на Зона Замфирова. Фестивалот започна со тркалезна маса на која се дискутираше за важноста на поезијата на дијалект и потоа продолживме со читање на творби, па доделување на награди - кажа Крстевски.
Крстевски неодамна освои и втора награда на поетскиот фестивал во рамки на „Струмица опен“
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk