Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Средното стручно училиште „Перо Наков“, денеска се одржа дебата на тема „Младите зборуваат”, на која учествуваа ученици кои посетуваат настава на македонски и албански јазик во основните и средни училишта во Куманово.
„Дебатата се реализираше во форма на работилници кои се однесуваа на искажување на ученички ставови по основ на 4 теми: дали родителите се носители на мултикултурни и граѓански вредности, колку училишната средина влијае врз градењето на младискиот активизам и мултикултурни вредности, дали младите се двигатели на интегрирана и активна локална заедница и дали општината е примарен фактор за созадавање на млади и активни граѓани? Учениците дебатираа на сите четири теми со активно вклучување преку методата “Светско кафуле” со што сите ученици имаа можност да го искажат својот став за сите четири теми, а дебатата заврши со презентирање на заедничките ставови на сите групи, - соопштуваат од „Перо Наков“.
Оваа дебата е прва од ваков тип и истата ќе прерасне во традиција преку која ќе се искажуваат ставовите на младите по основ на различни актуелни општествени теми.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk