Деца дефилираа во Старо Нагоричане

26.09.2012 10:43 | KumanovoNews

 Ученици од различни националности дефилираа, играа фудбал и се дружеа на спортското игралиште во селото Старо Нагоричане.

Деца дефилираа во Старо Нагоричане

Манифестацијата има за цел да го промовира спортот како симбол на заедништво и толеранција. Во  Старо Нагоричане дојдоа гости од општините Центар, Тетово, Прилеп, Шуто Оризари и Врапчиште.

 Вие знаете дека Општината Старо Нагоричане помогна многу млади луѓе да се образуваат, да осознаат и да се дружат со нивните другарчиња од Република Македонија. Сите заедно да имаме што подобро образование и да работиме на развој на општината. Гостите ги запознавме со самата општина и со плановите за развој. Се надеваме дека ќе направиме подобри услови за живеење на самите жители и во исто време да овозможиме други луѓе да дојдат и да инвестираат - изјави Миодраг Јовановиќ, градоначалник на општина Старо Нагоричане.

Градоначаникот на Врапчиште, Бајрам Кадрија смета дека ова е добра начин децата меѓусебно да се запознаат.

Преку овој проект учениците од Старо Нагоричане видоа каде е во нашата општина, а нашите деца се о каде се наоѓа Старо Нагоричане. Ова е прилика да се дружат и сигурен сум дека тоа дружење ќе го продолжат на Фејсбук. Организаторите треба да се продолжи со ваквите проекти - додаде Кадрија.

Спортското дефиле е под покровителство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а го реализира Геостратешкиот институт “Глобал“.

Сите ученици кои биле активни, исто како и општините, поединци и училишта ќе добијат соодветни награди. Овој настан Република Македонија ќе ја претстави на реномиран собир во Сочи. Се надеваме дека ќе добиеме и награда - смета Иван Анастасовски.

На дефилето имаше двесте деца. По завршување на спортските активности тие ја посетија мегалитската оперваторија Кокино.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk