Деца од градинка ја посетија библиотеката

12.11.2014 16:28 | KumanovoNews

По повод Месецот на книгата, деца од објектот “Бубамара“ при градинката “Ангел Шајче“ денеска ја посетија Градската библиотека “Тане Георгиевски“.

Деца од градинка ја посетија библиотеката

Посетата се реализира со цел децата од мали нозе да развијат љубов кон книгата.

Во рамките на реализација на проектот „Градот низ детските очи“, денеска беше направена несекојдневна посета на  одделот за деца на библиотеката „ Тане Георгиевски„. Група од 57 деца на возраст од 4 - 6 години од сите воспитни групи во објектот „Бубамара“,  имаа можност да се запознаат со начинот на работа и можностите  што ги пружа  оваа  институција за најмладите читатели, - велат од градинката.

Во наредните денови и останатите деца од градинката ќе ја посетат библиотеката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk