Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во шест градинки во Куманово денеска се организираа работилници за зачувување на животната средина.
Децата имаа можност преку едукација и игра да се запознаат со Зелена Европа. Проектот предвидува секое дете да добие играчки и боенки, за да се стекне со поголемо знаење за зачувување на животната средина.
„Преку програмата се промовира еколошка Европа, а денеска на работилница ќе се провери знаењето на дечињата за заштита на животната средина. Идејата е преку нивна едукација, со играње и цртање да се грижат за зачувување на животната средина. Во проектот се опфатени деца од македонска, српска, албанска и ромска заедица„, -изјави Арбен Мемети, координатор на Инфо точка Куманово.
Грантот е 900 евра, а за набавка на играчките се потрошени околу 700 евра.
„Овие играчки ќе придонесат за подобар раст и развој кај дечињата, а истовремено ќе го разубават просторот за работа. Преку разновидни активности, постојано учиме за екологијата и како да го зачуваме животниот простор во градинката, како да го уредиме дворот, како да се однесуваме дома“, - вели воспитувачката Татјана Стојановска, од градинаката Буба Мара.
Проектот Зелена Европа, се реализира преку Инфо точка од Скопје и Секторот за евроинтеграција Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk