Децата го дочекаа Дедо Мраз на плоштад

27.12.2013 13:36 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад денеска децата го дочекаа Дедо Мраз, кој делеше пакетчиња, бонбони и чоколади.

Децата го дочекаа Дедо Мраз на плоштад

По тој повод локалната самоуправа организираше културно - забавна програма, а пред присутните се обрати градоначалникот.

Му благодарам на Дедо Мраз и на родителите кои ги доведоа своите деца овдека. Од мое име и од име на локалната самоуправа сакам да ви ја честитам Новата година на вас и вашите семејства - изјави градоначалникот  Зоран Дамјановски.

Им порача на децата да бидат добри ученици и достојни граѓани на градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk