Децата од планинските села ќе примат вакцина

23.04.2013 08:45 | KumanovoNews

 Во рамки на Недела на имунизација, денеска вакцина ќе примат децата од липковското село Гошинце, а во четврток мобилни екипи ќе вакцинираат деца во населба Средорек.

Децата од планинските села ќе примат вакцина

Во Детскиот диспанзер нормално се одвива вакцинацијата. На тоа се работи континуирано. Посебно акцент ќе биде ставен на децата кои ги испуштиле вакцините од нивни лични причини. Теренска вакцина ќе има во четврток во Средорек. Покани се пратени преку патронажните служби.  Ќе бидат опфатени и многу планински села кои се оддалечени. Ќе бидат вакцинирани со вакцини кои се предвидени со календарот за имунизација - вели Славица Ристовска, од стручната служба во Детски диспанзер.

Активностите од недела за имунизација ги спроведуваат вработените од Детскиот диспанзер и од амбулантата Тоде Мендол во соработка со Центарот за јавно здравје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk