Децата во градинка подготвуваа интегрални палачинки

21.05.2014 08:19 | KumanovoNews

Децата во градинката “Анѓел Шајче“ денеска заедно со родителите подготвуваа интегрални палачинки во чест на Денот на револуција во исхраната, проект кој го реализира Министерството за труд и социјална политика.

Децата во градинка подготвуваа интегрални палачинки

Тие имаа можност да подготват еден од рецептите на познатиот готвач Џејми Оливер наречен „Виножито“ кој се состои од  зеленчук и други хранливи намирници.

Децата освен бел конзумираат и интегрален леб, подготвуваме за појадок проја, палента. Сите ужинки што се делат на децата се тука подготвени, не се купени. Сите јадења кои дома не практикуваат да ги подготвуваат ние тука ги правиме за децата, ги ставаме на листата за јадење и децата со воодушевување ги прифаќаат и бараат истите дома да им ги подготвуваат - вели директорката Марина Алексовска.

Во рамки на овој проект понатаму ќе има работилници и едукативни часови на кои децата ќе научат нешто повеќе за здравата домашно подготвена храна.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk