Децата во второто полугодие да учат онлајн, бара движењето „Поддршка за онлајн настава“

10.01.2022 18:48 | Сузана Николиќ

Движењето „Поддршка за онлајн настава" денеска на прес-конференција побара второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава.

Децата во второто полугодие да учат онлајн, бара движењето „Поддршка за онлајн настава“

„Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства, изјави Ана Глигорова, претставник на движењето „Поддршка за онлајн настава".

Апелираше до министерот за здравство и министерката за образование и наука, односно Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата нивното барање да се реализира.

Движењето „Поддршка за онлајн настава" е произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk