Дедо Љубе верува дека ќе победи правдата

14.04.2015 13:41 | KumanovoNews

Судскиот процес против дедо Љубе се враќа во истрага по барање на неговите адвокати

Дедо Љубе верува дека ќе победи правдата

Во Основниот суд во Куманово се одложи судскиот процес против Љубомир Митев (75) од селото Којково, откако Кривичниот совет предводен од судијата Љубомир Ѓорѓевиќ, го прифати приговорот на адвокатскиот тим на обвинетиот.

Основното јавно обвинителство ќе ја повтори истрагата за да се утврди што точно се случило критичната ноќ, кога двајцата разбојници дошле во куќата на старците и крвнички ги претепале.

Одбраната сметаше дека постојат уште битни факти кои треба да се утврдат, а од кои зависи обвинението и неговото подигнување, вклучувајќи ја тука и правната квалификација. Овој предлог беше внимателно разгледан од Кривичниот совет и усвоен,и постапката ќе се врати во истрага, - изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

Денеска пред Кумановскиот суд се собраа подржувачи на дедо Љубе, кои го поздравија со овации и аплауз и побараа негова слобода.

Јас сметам дека правдата ќе победи. Тоа што јас го доживеав не беше по моја вина. Судот ќе ја утврди вистината и ќе донесе правилна одлука. Јас сум сигурен во правдината,- рече Дедо Љубе, пред кумановскиот суд.

Дедо Љубе ќе одговара за три кривични дела убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје, затоа што на 27 февруари минатата години го убил Зоран Златков (28) од селото Пантелеј, а го ранил Борчо Иванов (30) од село Поплаки, кои неколку часа ѕверски ги измачувале, и со моторна пила им се заканувале на двајцата старци дека ќе ги убијат. Старецот ја земал ловната пушка од подрумот, по што пукал во разбојниците и така се спасиле од сигурна смрт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk