Дедо Мраз дојде во „Буба Мара“

21.12.2015 13:16 | KumanovoNews

Дедо Мраз денеска ги посети децата во градинката „Буба Мара“.

Дедо Мраз дојде во „Буба Мара“

Прославата со куклен театар, палјачо и Дедо Мраз денеска беше организирана во градинката по повод претстојните новогодишни  празници.

Шест дена сите деца ќе се забавуваат и ќе се радуваат на новогодишните празници. Конкретно за нашата градинка, ние сме една мултиетничка градинка со различни етнички заедници, Македонци, Срби, Албанци ќе биде доста интересно. Претставата е на македонски и на албански. Дедо Мраз ќе ги праша децата дали биле послушни, дали јаделе здрава храна - рече Лидија Јаневска, одговорен воспитувач во “Буба Мара“.

Во оваа градинка 205 деца ја следеа приредбата, а во следните денови Дедо Мраз ќе ги посети и другите објекти од градинката “Ангел Шајче“ во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk