Дедо Мраз меѓу децата со посебни потреби

21.12.2010 14:54 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски им приреди едночасовна новогодишна средба на лицата со посебни потреби во ресторанот на Меморијалниот спортско-рекреативен центар на АСНОМ во Пелинце.

Дедо Мраз меѓу децата со посебни потреби

 Децата со хендикеп - корисници на Центарот за лица зависни од посебна грижа во Куманово, заедно со нивните воспитувачи и едукатори, поминаа незаборавно пријатни моменти со музика и блиски контакти со градоначалникот на Куманово и со традиционалниот Дедо мраз, кој со своите познати досетки и актерски ,,керефеки‘‘ им ги врачи новогодишните пакетчиња и им измами многу изливи на радост и бурни ракоплескања.

„Ви ја честитам Новата 2011 година со надеж и ветување дека ќе го исполниме преостанатиот дел од ветувањето за доопремување на вашиот Центар за збогатување на содржините на вашиот дневен претстој„ - рече во своето новогодишно обраќање градоначалникот Дамјановски.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk