Дедо Мраз на мотор на 25 декември во Куманово

10.12.2024 10:14 | KumanovoNews

Мото клубот „Мечки“ заедно со своите пријатели и оваа зима по 17. пат во Куманово ја организираат манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“.

Дедо Мраз на мотор на 25 декември во Куманово

На 25. декември во 11:30 часот на плоштадот пред Центарот за култура, членовите на клубот и останатите моторџии -дедомразовци на мотор ќе поделат изненадувања за најмалите.

„Во 12:45 часот се тргнува од плоштадот со мало дефиле низ улиците на Куманово, за да во 13:00 часот се биде пред Дневниот центар за лица со посебни потреби, каде на штитениците ќе им се поделат подароци и пакетчиња. Дојдете во убаво расположение и не заборавајте, тој ден Дедо Мраз на мотор ќе биде во Куманово!“, велат организаторите  од мото клубот „Мечки“.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk