Дедо Мраз на мотор на Градскиот плоштад во Куманово

25.12.2019 13:06 | KumanovoNews

Манифестацијата Дедо Мраз на мотор, во организација на Мото клубот „Bears Macedonia“, утре во 12 часот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово, каде моторџиите ќе се дружат и ќе им поделат слатки на најмалите.

Дедо Мраз на мотор на Градскиот плоштад во Куманово

Моторџиите ќе се соберат во 11 часот, пред градскиот базен во Куманово, а во 11:50 ќе се упатат кон Градскиот плоштад. Воедно во 13 часот, традиционално како и секоја година ќе се упатат кон Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост до 18 години „Порака наша“, каде ќе им однесат новогодишни пакетчиња.

Оваа година настанот ќе биде збогатен и со настапи на уметничкиот хор, солистички и ритмички групи од училиштата „Кочо Рацин“, „Христијан Карпош“ и „Браќа Миладиновци“, а најавено е и присуств и на други мото клубови од земјата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk