Дедо Мраз на мотор по 10 пат во Куманово

21.12.2017 16:10 | KumanovoNews

Мото клубот „Мечки“ и оваа година ќе однесе подароци на децата во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово.

Дедо Мраз на мотор по 10 пат во Куманово

Под мотото „Тажните најубаво се смејат“, манифестацијата Дедо Мраз на мотор ќе се одржи во вторник (26 декември).

„Во 11 часот ќе бидеме на Градскиот плоштад Куманово каде ќе имаме изненадувања за најмалите, во 11.50 часот тргнуваме од плоштадот за да во 12 часот бидеме пред Дневниот центар за лица со посебни потреби и на дечињата-штитеници на центарот ќе им поделиме подароци и пакетчиња“- соопштуваат од клубот „Мечки“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk