Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мото клубот „Мечки“ од Куманово, во петок по деветти пат ќе ја организира хуманитарната акција „Дедо Мраз на мотор“ во градот.
Моторџиите ќе однесат новогодишни пакетчиња и подароци на децата сместени во Дневниот центар за деца со посебни потреби кај порнешен „Чик“, а ќе се дружат и со дечињата од градинката и граѓаните.
„Пред новогодишните празници се одличен период барем на момент да им ја вратиме насмевката на овие дечиња. Оние кои до сега учествувале во акцијата ќе знаат за што пишуваме, па нека биде ова покана до сите моторџии да ја направиме најмасовната акција до сега. Независно од временските услови акцијата ќе се одржи, - соопштуваат од клубот „Мечки“.
Дедо мразовци на мотор ќе се прошетаат по градските улици, а во 12 часот ќе бидат на Градскиот плоштад, по што ќе пред 13 часот ќе заминат во Дневниот центар.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk