Дедо мраз на мотор прошета низ Куманово

23.12.2016 17:40 | KumanovoNews

Кумановските моторџии по деветти пат ја одржаа хуманитарната манифестација „Дедо Мраз на мотор“.

Дедо мраз на мотор прошета низ Куманово

Членовите на мото клубот „Мечки“ и нивните колеги од соседните градовите од Македонија и Србија денеска донираа новогодишни пакетчиња за корисниците на услугите на Дневниот центар за деца со посебни потреби, лоциран кај градинката кај поранешната фабрика „Чик“.

Апелирам до граѓаните кои имаат можност да донираат за децата во Дневниот центар, бидејќи помош е неопходна не само за дневниот центар, туку насекаде на лицата со попреченост, изјави Виктор Михајловски од Мото клуб „Мечки“.

Од Дневниот центар за деца со попреченост изразија благодарност за донацијата. Ваквото дружење на децата со моторџиите е веќе традиционално и освен пред новогодишните празници се реализира постојано во текот на годината.

Центарот функционира дванаесет години и услугите ги користат 28 деца од кои тројца се на адаптивен период.

Надлежните од Центарот истакнаа дека имаат одлична соработка со сите чинители во локалната заедница, бизнис заедницата, невладини организации, со цел полесна инклузија на децата со попреченост во општеството.

За корисниците се грижи стручен тим од психолог, педагог, дефектолог, социјален работник, медицинска сестра и физиотерапевт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk