Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дедо Мраз денеска напладне пристигна на Градскиот плоштад во Куманово.
Го пречекаа дечињата од градинските и основните училишта, на кои им подели подароци.
Им ги честитам новогодишните празници на сите деца. Посакувам наредната година да имаат многу петки во училиштето и секако да ги слушаат мама и тато. Ги прочитав сите писма и ќе ги исполнам сите желби на децата.- изјави Дедо Мраз
Манифестацијата на плоштадот ја организира општината Куманово, па дечињата ги поздрави и градоначалникот.
Благодарен сум на сите деца и родители кои излегоа достојно да го пречекаме нашиот Дедо Мраз. Ова е традиционална претстава, со години наназад. На сите граѓани им ја честитатам Новата 2015 година, со многу успех, здравје и многу исполнети желби, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk