Дефект на водоводна мрежа го остави без вода центарот на градот

29.12.2023 13:08 | Оливера Пешевска

 Пукната водоводна цевка на улицата „Ленинова“ пред поранешен „Вартекс“ ги остави без вода за пиење жителите во централното градско подрачје.

Дефект на водоводна мрежа го остави без вода центарот на градот

Екиипа на ЈП „Водовод“ Куманово работат на санација и се очекува набргу водоснабдувањето да се нормализира.

Дефектот бил пријавен во текот на ноќта, а екипите биле упатени на терен од раните утрински часови.

„Првата смена затекна пријавен дефект на водоводна мрежа и веднаш екипите се упатија на терен. Се интервенира и забрзано се работи за што поскоро да се стабилизира водоснабдувањето. Останува уште малку работа до целосно завршување на работите“, истакнуваат службите на претпријатието.

Без вода за пиење се жителите од раскрсницата со Градскиот плоштад до улицата „Доне Божинов“.

Тимовите за интервенција имаат распоред за дежурање па и во текот на викендот, вечерните часови или за време на празниците се спремни да излезат на терен во било кој термин. Од ЈП „Водовод“ уверувараат дека никој нема да биде оставен без вода и дека ќе се погрижат за што побезбрижни и опуштени празнични денови на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk