Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската странка во Старо Нагоричане избра ново раководство.
За претседател е избран Дејан Јовчиќ, Миле Цветановиќ е секретар, а Горан Крстиќ благајник на општинскиот одбор на Српската странка во Општина Старо Нагоричане.
Изборот на новото раководство уследи по исклучувањето од партијата на предходниот претседател Власте Димковиќ.
На состанокот присуствуваа претседателот на партијата пратеникот Мирослав Јовановиќ и заменик министерот за земјоделство Благе Цветковиќ.
Српската странка во Македонија е во коалиција со СДСМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk