Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дејвид Стрика (11) од село Тромеѓа сака да биде успешен светски познат голмaн.
Од малечок е вљубеник во спортот, а веќе година и пол тренира во фудбалскиот клуб “Куманово“ каде бележи добри резултати.
„Сум учествувал на турнир во Охрид, во Куманово, во Велес. Имаме играно натпревари со “Милано“, “Еуро спорт“, “Њу старс“, “Брегалница“ и “Борец“. Одбрав спорт затоа што сакам да бранам за Македонија и да ја претставувам државата на светско првенство, да бидеме меѓу првите во светот. Ќе се трудам да постигнам уште подобри резултати и да одам само напред“ - кажа Стрика.
Малиот голман е ученик во 6 одделение во основното училиште “Христијан Карпош“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk