Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување се позитивни на коронавирус, потврдуваат извори од Општината.
Меѓу заразените има претставници од повеќе институции и вработени во јавните претпријатија и општината. Еден од членовите Горан Стојановски ги извести своите пријатели на Фејсбук.
- Ги известувам сите мои пријатели, соработници и колеги дека штотуку го добив резултатот од тестирањето на денешниве 40 новозаболени позитивни случаи од КОВИД-19 меѓу кои сум и јас. Ве молам сите Вас да се воздржите, нема простор за паника и сугерирам на одговорно однесување со јака самодисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца и тврдам дека само така можеме да се спротивставиме на ова заедничко зло за кое знам дека ќе го победиме, - напиша директорот на Регионалниот центар за управување со кризи.
Тој додава дека ги охрабрува своите колеги од ОШЗС и ЦУК да продолжат со својата работа максимално вложувајќи се себеси во борба против коронавирусот согласно препораките на епидемиолозите и стручните лица.
Потврда дека е позитивен на коронавирус денеска објави и градоначалникот Максим Димитриевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk